Чешките медиуми ги објавија снимките на првиот СУВ модел на „Шкода“.
Прототипот на „Шкода Кодијак“ е прикажан на прославата на 25-годишнината од успешната соработка на чешкиот производител со „Фолксваген“, што се одржа во Прага.
Предпродукцискиот примерок ги потврди очекувањата. Првиот чешки СУВ по габаритот одговара на „Тигуана“, а естетски во голема мера е сличен на концептот „Вижан С“.
Иако се уште тоа официјално не е потврдено, чешките медиуми јавуваат дека наскоро компанијата ќе излезе во јавност токму со името „Кодијак“, додека називот „А Плус“ ќе остане поврзан за прототипот.
Досега се изработени 47 прототипи, кои минале околу 700.000 километри на тестирања.
Продажбата на СУВ моделот на „Шкода“ се очекува до крајот на годината, по почетна цена од околу 24.000 евра.