Првиот караван „Волво В90“ излезе од производната лента

Од:

Третиот модел со новата модуларна платформа СПА на компанијата „Волво“ и првиот караван В90 излезе од производната лента на една од фабриките во Шведска. 

Првиот караван В90 е произведен, само неколку недели откако во фабриката во Торсланда е направен седанот С90, кој механички е многу сличен.

„Волво В90“ е трет модел кој користи прилагодлива платформа СПА, по С90 и кросоверот ХЦ90. За да се носи со дополнителното производство, фабриката двојно го зголеми бројот на вработените во последните две години, па моменно има над 6.300 работници. 

– Многу инвестиравме во подоготвка на фабриката во Торсланда за производство на возила на СПА платформа. Охрабрувачки е да се види позитивната реакција на новите автомобили, изјави директорот на компанијата „Волво“, Хакан Самуелсон.

„Волво В90“ ќе биде достапен со два мотора. Т5 ќе го покренува 2,0 литарски мотор со турбополнач кој испорачува 250 коњски сили (преден погон), а Т6 2,0 литарски мотор кој развива 316 коњски сили.

Во понудата подоцна ќе биде и Т8 хибрид. Тунерскиот одел Полестар ќе го подобри Т6 моторот, а за В90 ќе биде достапна пакет опремата Р-Десинг која го унапредува визуелниот изглед. Можно е да се појави и „В90 Крос Кантри“ со изразени можности за возење по нерамен терен.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ