Први фотографии од Порше Панамера 2014

Од:

Првите фотографии и технички детали од освежениот модел Панамера на Порше се објавени на Интернет непосредно пред официјалната премиера на автомобилот.

Редизајнираниот модел Панамера има видно изменет преден и заден дел.

Изменети се предните светла, како и целиот преден браник заедно со отворите за воздух. Модифициран е и задниот браник, како и вратата од багажниот простор, а задните светла сега се со ЛЕД технологија.

Освен стандардниот модел, предвиден е и Панамера С Е-Хибрид, со погонски систем составен од 3,0 литарски В6 мотор, електромотор и пакет литиум-јонски батерии. Хибридниот модел ќе испорачува вкупна моќ од 416 коњски сили, што е доволно за забрзување од 0 до 100 километри на час за 5,5 секудни и максимална брзина од 269 километри на час.

Моделот Панамера С е опремен со нов трилитарски В6 мотор со 419 коњски сили и намалена потрошувачка на гориво за околу 20 проценти.

Официјалното претставување на автомовилот е закажано за Саемот на автомобили во Шангај, кој крајот на април 2013 година.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on