Први фотогорафии на новиот „БМВ“ Серија 7

Од:

Во пресрет на Новата година на ннтернет се појавија првите фотографии, без камуфлажа, од моделот „БМВ“ Серија 7 за 2015 година.

Старата 2014 година ја испративме со новиот роботизиран автомобил на „Мерцедес“, а првиот ден од 2015 година можеме да видиме како ќе изгледа новата топ лимузина на конкурентскиот „БМВ“.

На првите фотографии прикажани се детали на надворешниот дизел модел „730d“, а имавме можност и да ѕирнеме во кабината на автомобилот.

Во предниот дел „БМВ“ има применето дизајнерски решенија што се веќе видени кај новата генерација модели, како што се Сериите „3“, „Х5“ или „Х6“.

Маската на ладнилникот е помасивна и поистурена отколу кај актуелната „седумка“, додека фаровите се потенки и визуелно се споени со рамската на маската. Новата „Серија 7“ ќе биде втор модел во гамата на „БМВ“, по моделот „i8“ што имаше опциски ласерски фарови, а на една од фотографиите може да видиме како тие ќе изгледаат.

Задниот дел на автомобилот е помодерен отколку кај претходникот, но задржана е голема хромирана лајсна што се простира меѓу стоп светлата.

Двете симетрични издувни цевки, што извираат од долниот дел на браникот, сега се поголеми и придонесуваат автомобилот да има спортски изглед во споредба со моделот на заминување.

Внатрешноста е типична за луксузните лимузини на „БМВ“. Највпечатливата промена се однесува на големиот екран на мултимедијалниот систем, што кај новиот модел е одвоен на врвот на централната конзола, додека кластер парчињата на самата конзола се поедноставни отколку порано.

Покрај менувачот се наоѓаат вообичаените iDrive контроли.

Кога станува збор за конструкцијата на автомобилот, новата „Серија 7“ ќе биде полесна и до 200 килограми од актуелната генерација, во зависност од видот на моторот и пакет опремата.

Покрај карактеристичните шестцилиндрични V8 и V12 мотори, се очекува „седумката“ во понудата да има и 2.0-литарска четирицилиндична погонска единца, како и Plug-In хибридна варијанта.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ