Првата машка кошаркарска лига продолжува утре со четири натпревари

Од:

Четири натпревари од единаесеттото коло од Првата машка кошаркарска лига ќе се одиграат викендов. Поради обврските во АБА 2 лигата, екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер, мечевите од ова коло ќе ги одиграат на 23-ти декември.

Во сабота од 16 часот во големата сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје ќе се сретнат екипите на МЗТ Скопје Уни Банка и Феникс 2010. Од 17 часот е закажан натпреварот помеѓу Ангели и Еуро Никел 2005 во сала „Независна Македонија“ – Скопје.

Работнички – Куманово 2009 и Гостивар – Кожув ќе се сретнат од 18 часот, а натпреварите ќе се играат во СРЦ „Кале“ – Скопје, односно сала „Младост“ – Гостивар.

МЗТ Скопје Аеродром и Навико Академија ФМП, како и ТФТ – Пелистер ќе си ги измерат силите на 23 декември.

Табела: Пелистер 20, МЗТ Скопје Аеродром 18, Навико Академија ФМП 16, Работнички 16, Гостивар 15, Еуро Никел 2005 15, Кожув 15, Феникс 2010 15, ТФТ 15, Куманово 13, МЗТ Скопје Уни Банка 11, Ангели 10.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он