Досегашниот тренер на Басконија, Пабло Приџони синоќа по поразот од Валенсија си поднесе оставка.
Оставката на Приџони е прва оваа сезона во кошаркарската Евролига, а доаѓа по третио пораз во низа за Басконија во елитното натпреварување и шести на последните осум натпревари.
Како главен претендент за нов тренер на Басконија се споменува Дејан Радоњиќ кој минатата сезона ја предводеше Црвена ѕвезда, а во моментов е без ангажман.