Прва шампионска титула за Глазгов Ренџерс по пауза од десет години

Од:

Фудбалерите на Глазгов Ренџерс денеска и теоретски ја обезбедија титулата во Шкотска, на шест кола до крајот на првенството.

Ренџерс вчера го совлада Сент Мирен на домашен терен со 2:0 и за потврда на титулата му беше потребно главниот конкурент Селтик да не победи попладнево на гостувањето кај Данди Јунајтед. Тоа и се случи, откако Селтик одигра без голови и Ренџерс на шест кола до крајот на шампионатот има недостижни 20 бодови предност.

За Ренџерс ова е вкупно 55 шампионска титула во клупската историја, а тимот предводен од Стивен Џерард, воедно, го спречи Селтик во обидот да стигне до рекордна десетта последователна титула во Шкотска.

Би можело да ве интересира

Ван Бронхорст седна на клупата на Ренџерс

Ана Ололовска

Внатрешна истрага во Глазгов Ренџерс за кршење на ковид-протоколот

Ана Ололовска

Поранешната sвезда на Арсенал оди се сели во Шкотска

Ана Ололовска

Селтик не може да се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите уште од 2017 година

Ана Ололовска

Шест играчи го напуштаат Ренџерс

Ана Ололовска

Шкотка со нов фудбалски селектор