Селтик не може да се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите уште од 2017 година

Од:

Шкотскиот фудбалски гигант Селтик синоќа загуби со 2:1 од унгарски Ференцварос во 2. коло од квалификациите за Лигата на шампионите и повторно не успеа да се избори за групната фаза.

Последен пат кога шкотскиот тим играше во групите на ЛШ беше во 2017 година. Тогаш го освоија третото место во конкуренција на ПСЖ, Баерн Минхен и Андерлехт, освојувајќи 3 бода.

Во 2019 година Селтик загуби од романскиот Клуж во 3. квалификациско коло (1:1, 3:4), а во 2018 година, во истата фаза, беа елиминирани од АЕК (1:1, 2:3).

Покрај Ференцварош во текот на вчерашниот ден место во следната рунда од квалификациите изборија: АЗ Алкмар, Молде, Карабах, Макаби Тел Авив, Рапид Виена, Митјиланд, Динамо Загреб, Динамо Брест, Омонија и Јанг Бојс .

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска