Во фудбалскиот Куп на Македонија, денеска ќе се одиграат натпреварите од првата рунда. Прволигашите и најдобрите екипи од претходната сезона во ВМФЛ се во улога на носители и натпреварите ќе ги играат на гости.
Во ова рунда од најмасовното фудбалско натпреварување кај нас ќе се игра само по еден натпревар, по што победниците ќе обезбедат пласман во осминафиналето.
Титулата од минатата сезона ќе ја брани битолски Пелистер.
Двојки за 1.коло во Купот на Македонија:
ССК Нова – Академија Пандев
Борец – Влазерими
Кожув – Новаци
Вардар Неготино – Еуромилк
Беласица – Пелистер
Плачковица – Победа
Осогово – Брегалница Штип
Могила Би-милк – Силекс
Струга Трим Љум – Македонија ЃП
Охрид – Скопје Лихнидос
Зајази – Шкупи
Тетекс – Хоризонт Турново
Тиквеш – Ренова.
Поради настап на Вардар и Шкендија во плејофот за Лига Европа, последните две средби од оваа рунда Локомотива – Вардар и Гостивар – Шкендија ќе се играат на 30 август.
Слободен е тимот на Работнички.