Прва прекугранична трка во историјата на Светскиот куп во скијање

Од:

Светскиот куп во скијање од сезоната 2022/23 во својот натпреварувачки календар за првпат во историјата ќе има прекугранична трка, чиј старт ќе биде во Швајцарија, а целната рамнина во Италија, соопшти Меѓународната скијачка федерација (ФИС).

Трките во спуст и велеслалом во машка и женска конкуренции ќе се одржуваат во октомври или ноември на планината Матерхорн на Aпенинските Алпи, во чие подножје е лоциран познатиот зимски центар Цермат.

Патеката ја трасираше олимпискиот шампион во спуст од 2010 година, Швајцарецот Дидие Дефаго, а локалните организатори соопштија дека тоа ќе биде најдолгиот спуст во должина од пет километри со проектирано време од околу две минути и 45 секунди од стартот до целта.

– Многу сум возбуден што прифаќаме идеи, кои го придвижуваат нашиот спорт и нудат нови можности, порача претседателот на ФИС, Јохан Елиаш.

Би можело да ве интересира

Еден од најдобрите ски скокачи ја заврши кариерата, не се опорави од тешкиот пад

Предраг Петровиќ

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска