Одбојкарската репрезентација на Македонија ја постигна првата победа во квалификациите за Европското првенство 2015 година.
Вечерва во рамките на вториот квалификационен турнир Македонија во Љубљана ја победи Летонија со 3:0 (31:29; 25:16 и 25:17 по сетови).
По трите порази во Вроцлав ова е првиот триумф за избраниците на селекторот Жарко Ристоски.
На првиот натпревар од групата одигран денеска, Словенија со пресврт дојде до победата над Полска, од 0:2 успеа да триумфира со 3:2 во сетови.
Утре Македонија од 16 часот игра против домаќинот на турнирот Словенија. Табела: Полска 10 бодови, Словенија 6, Македонија 4, Летонија 4.