Прва победа на шампионот Кливленд во НБА финалето

Од:

Актуелниот првак Кливленд ја намали предноста на Голден Стејт на 3-1 во победи во финалето на НБА лигата.

Кошаркарите на Кливленд синоќа пред својата публика го победија Голден Стејт на домашен терен со 137:116 (49:33; 37:35; 29:28 и 20:22). Шампионот водеше во текот на целиот натпревар откако во првата четвртина постигна 49 поени што претставува нов рекорд.

Триото на Кливленд – Џејмс, Ирвинг и Лов заедно постигнаа 94 поени. Леброн Џејмс натпреварот го заврши со „трипл-дабл“ 31 поен, 10 скокови и 11 асистенции. Кајри Ирвинг беше најефикасен во 40 поени, додека Кевин Лав постигна 23.

Кај гостите најефикасен беше Кевин Дурант со 35 поени.

Следниот натпревар од финалето се игра на 13 јуни (вторник) во 3 часот по македонско време.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот