ВИДЕО: Прва плеј-оф победа за Мемфис против Оклахома Сити

Од:

Екипата на Мемфис извојува победа на гостувањето против Оклахома Сити со 99:93 и изедначи во полуфиналната плеј-оф серија на 1-1.

Мемфис доби три четвртини, а последната со 30:19 што се покажа како решавачко за првата победа во разигрувањето за титулата од Западната конференција против Оклахома Сити.

И во двата тима имаше по еден играч, кој беше на чекор од „трипл дабл“ Мајк Конли кај Мемфис со 26 поени, 10 скокови и 9 асистенции, а Кевин Дјурант (Оклахома Сити) имаше 36 поени, 11 скокови и 9 асистенции.

На вториот НБА дуел ноќеска Њујорк ја совлада Индијана со 105:79 и изедначи на 1-1 во Источното конференциско полуфинале.

Домашните последната четвртина ја добија со 33:13. Најефикасен на дуелот беше Кармело Ентони со 32 поена.

Вечерва играат: Мајами – Чикаго (0-1 во победи) и Сан Антонио – Голден Стејт (1-0).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ