Прва хронометар велосипедска трка во Маврово

Од:

Во Маврово денеска првпат ќе се одржи хронометар велосипедска трка HALK VELO GREEN, за професионални и аматерски велосипедисти, во рамки на која ќе се вози патека во должина од 22 километри, во правец Бистра – Леуново – Бистра.

Натпреварувачите ќе бидат поделени во две категории, про и хоби. Категоријата про ги опфаќа членовите на клубовите во Велосипедската федерација на Македонија (ВФМ), но во неа ќе можат да возат и сите оние кои се чувствуваат подготвени да се натпреваруваат со овие велосипедисти. Категоријата хоби е наменета за сите велосипедисти кои рекреативно се занимаваат со овој спорт.

Бројот на натпреварувачи ќе биде ограничен на 300 (100 во про категорија и 200 во хоби категорија).

Како што информираат организаторите, првата хронометар велосипедска трка ќе биде организирана со запазување на сите мерки и протоколи врзани за организирање настани во услови на Ковид-19 пропишани од Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје. Стартот на трката ќе биде хронометар, што значи дека на секои 15 секунди ќе стартува по еден велосипедист.

Би можело да ве интересира

Да се остранат возилата на патот скијачки центар Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново повика „Македонија пат“

На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Сообраќајот околу Мавровско езеро е нормализиран, уверува СВР Тетово, од Бунец до Леуново наизменично се пропуштаат возила

Катерина Ѓуровски

Огромна колона возила со часови заглавена кај Маврово

Катерина Ѓуровски

Слаб снег провејува во Пoпова Шапка, на планинскиот превој Стража и Маврово

Горан Наумовски