Прва европска титула за младите фудбалери на Шведска

Од:

Репрезентацијата на Шведска за фудбалери до 21 година ја освои титулата европски првак откако синоќа во финалето одиграно на „Еден Стадион“ во Прага по изведувањето на пенали беше поуспешна од Португалија. За младите фудбалери на Шведска ова е прва титула во нивното второ финале.

Во регуларниот дел и по продолжението немаше голови и натпреварот заврши 0:0, а по пенал серијата дуелот заврши со 4:3 за Шведска откако голманот Патрик Калгрен ги одбрани пеналите на Португалците во третата (Рикардо Есаио) и во петтата серија (Вилијам Карваљо). Голманот на Португалија Жозе Са, пак одбрани еден пенал (четврта серија на Абдулах Халили).

Во натпреварите од групната фаза (3.коло) на 24.јуни Португалија и Шведска одиграа нерешено 1:1 и со тој резултат и двете селекции се пласираа во полуфиналето.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пред 61 година, репрезентацијата на СССР ја победи Југославија во финалето на првото ЕП

Ана Ололовска

УЕФА ги активираше мобилните апликации за преземање на билетите за ЕП

Ана Ололовска

Де Бур го финализира составот за Евро 2020

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ нема да игра на Европското првенство

Ана Ололовска

Верати најверојатно ќе го пропушти Европското првенство

Жарко Настоски

Руските организатори на ЕП дадоа „зелено светло“ за навивачи од странство

Жарко Настоски