Ракометарките на Букурешт се првите кои оваа сезона успеаја да забележат победа над рускиот првак Ростов Дон во Лигата на шампионите.
Букурешт синоќа во првиот четвртфинален натпревар од ова натпреварување забележа победа од 26:25 (11:12), а решавачкиот гол го постигна Ана Паула Родригез на 30 секунди пред крајот.
Линеа Торстенсон и Бренегер Мартин со по пет голови без промашување беа најефикасните во тимот на Букурешт, додека Екатерина Илина со девет голови беше најпрецизна на дуелот.
Утре се играат другите четвртфинални натпревари. Во Скопје ЖРК Вардар го пречекува норвешкиот шампион Ларвик (почеток 17:30 часот). Европскиот првак Будуќност гостува кај Бара Маре во Романија, додека во „унгарскиот дуел“ играат ФТЦ и Ѓер.