Ракометарките на Вардар го доживеаја првиот пораз сезонава во десеттиот одигран натпревар во Лигата на шампионките.
Вардарки вечерва пред својата публика се поразени од „лутиот“ ривал Будуќност 28-31 полувреме 16-17, во меч од 2.коло на втората фаза по групи.
Само еднаш во текот на целиот меч македонските шампионки имаа резултатска предност и тоа во 4.минута кога водеа со 3-2, но од тогаш па се до крајот на мечот црногорскиот прва беше оној кој го контролираше резултатот за на крајот да оствари победа со три гола разлика 31-28, идентично како што Вардар славеше во првиот меѓусебен дуел.
Црвено-црните немаа решение во одбраната за искусната Катерина Булатовиќ која за гостите од Подгорица постигна 14 голови.
Вчера се одиграа две средби од групата 1, во кои победи остварија домашните екипи. Астраханочка го победи Турингер со 26-24, а унгарскиот Ференцварош славеше во дуелот против Мец со 29-23.
На првите две места во оваа група со по 13 бодови се Вардар и Ференцварош , пред Будуќност кој има 10, а потоа следуваат, Мец 6, Турингер 4, Астраханочка 2.
Во втората група вчера се одиграат натпреварите, Ларвик – ЦСМ Букурешт 35-33 и Крим Љубљана – Ѓер 17-34 , додека денеска Есбјерг го победи Митјиланд минимално со 22-21.
Ѓер е лидер на табелата со 13 бодови, пред Ларвик со 10 и Митјиланд со 8, а по нив следуваат ЦСМ Букурешт 7, Крим Љубљана 6 и Есбјерг 4.