Прв пораз на Еурофарм Пелистер во СЕХА лигата

Од:

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го претрпеа вечерва првиот пораз во СЕХА лигата, откако со голем пад во играта во вториот дел загубија на гостувањето кај хрватскиот шампион ППД Загреб со 26:23 (11:14) во рамки на второто коло во Групата А.

Иако ослабен без неколкумина стандардни играчи, македонскиот тим добро го отвори натпреварот и го контролираше резултатот во воведните 30 минути.

На полувреме Еурофарм Пелистер замина со предност од 14:11, продолжувајќи со добра игра и во воведните пет минути од вториот дел за највисоко водство од 17:12 во 36 минута.

Од тој момент уследи голем пад во играта на ослабениот Еурофарм Пелистер и осум минути без постигнат гол за израмнување на резултатот на 17:17 во 44 минута.

Хрватскиот шампион влезе во добар ритам и со нова серија од 4:0 стигна до убедлива предност од 24:20 што рутински ја задржа до самиот крај на мечот во Загреб.

Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер и на натпреварот беше Јосип Периќ со седум голови.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер по стартната победа над Металопластика имаат три бодови од два натпревари, а во третото коло на 27 февруари во Битола ќе го пречекаат словачки Татран Прешов.

Би можело да ве интересира

Загреб прв финалист на Ф4 во СЕХА-лигата

Ана Ололовска

Вардар ќе игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата

А1он

Вујовиќ: Во Загреб одиме на победа, нема да калкулираме со предноста од Скопје

А1он

Вујовиќ: Предноста од четири гола е убава, но ништо не е решено

Ана Ололовска

СЕХА: Вардар 1961 обезбеди четири голови предност за ревашот во Загреб

А1он

Бабиќ: Одговорноста за поразот од Мешков Брест е моја

Ана Ололовска