Протекоа информации и слики за новата „Мазда 3 Седан“

Од:

На интернет се појави фотографија за која се претпоставува дека го прикажува задниот дел од новата генерација „Мазде 3 Седан“.

Иако се уште со сигурност не може да се потврди дека е во прашање автентична официјална фотографија, бидејќи е можно да е и само вешто направен компјутерски генериран рендер, извесно е дека „Мазда“ наскоро ќе ја претстави и лимузинската верзија на новата „тројка“.

Според до сега достапните информации што ги објави јапонската компанија, автомобилот ќе има најмал коефициент на отпор на воздухот во својата класа и тој ќе изнесува 0.255, а како и кај Хетчбег моделот и „Мазда 3 Седан“ ќе биде опремена со i-ELOOP регенеративниот систем за кочење.

Што се однесува до погонските аграгати, тие би требало да бидат преземени од новата „Мазде 3 Хетчбег“. Станува збор за 1.5 литарскиот бензинец со 74 KW/100 кс, 2.0-литарскиот бензински мотор што во послабаата верзија развива 88 KW/120 кс, а во посилната, со iELOOP системот, 121 KW/165 кс, како и 2.2-литарски дизелаш со 110 KW/150 кс.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on