Протекоа фотографии за новата „Хонда џез“ за 2014 година

Од:

На интернет се појавија фотографии од една јапонска брошура на новата генерација на моделот „Хонда Џез/Фит“.


Првиот впечаток е дека силуетата и пропорциите на автомобилот не се битно променети, но неговот преден и заден дел се целосно редизајнирани.


Со формата на фаровите и маската на ладилникот, новиот „Jazz“ стилски се приближува до моделите како „Honda Insight“ или новиот „Civic Hathback“.


Задниот дел, исто така, е доста поинаков во однос на актуелната верзија. Стоп светлата сега се продолжени и на задниот носач на кровот, така што помалку наликуваат на задните светлосни групи на „Волво“.


„Хонда Џез“ на пазарите во Јапонија, Северна Америка и Кина се продава под името „Фит“.Голем број купувачи во овие земји, а особео во САД, се заинтересирани за возилата со хибриден погон.


И новата генерација ќе има своја хибридна верзија, а тоа може да се види врз основа на фотографиите на деталите на инструмент таблата на која е прикажан индикатор за полнење на батеријата на возилото.


Актуелната „Хонда Џез“ има погонски систем што се состои од 1.3-литарски бензински агрегат од 88 кс и електромотор од 14 кс.


Се очекува новиот „Џез/Фит“ во Јапонија да биде претставен до крајот на годината, додека европската верзија треба да се појави во текот на 2014 година, но со незначителни стилски разлики во деталите на надворешноста.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on