Вчеравечер, во присуство на голем број пријатели, обожаватели и подржувачи на европскиот шампион на ридски патеки, Игор Стефановски – Иџе, се случи премиерата на филмот за сезоната 2014, во која првпат Иџе се закити со титулата европски шампион во катерогија 1, трки организирани од ФИА.
Премиерата на филмот „Патот до европскиот врв – Почеток“, исполнет со автентични снимки од сезоната и со сведочења од луѓето заслужни за успехот на Иџе, ја проследија повеќе од 300 посетители, а првпат кино-салата во „Синеплекс“ беше преполна, така што гледачи имаше и на скалилата.
Игор Стефановски – Иџе е спортистот кој ја одбележа 2014 година. Остварувањето на најголемиот успех во историјата на македонскиот автомобилизам, освојувањето на шампионатот на ридски патеки во категорија 1, прогласувањето за најдобар спортист на Македонија за 2014 и прогласувањето за „откритие на сезоната“ се само потврда и најава за добрата содржина на документарецот, кој наскоро ќе биде проследен на некоја од националните телевизии.
Извор: Мета