Променет терминот за одигрување на деветтото коло од Првата фудбалска лига

Од:

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави дека по барање на селекторот на А репрезентацијата на Македонија Игор Ангеловски дојде до промена на терминот за одигрување на натпревари од 9.коло од Првата лига, поради настапот на репрезентацијата во европските квалификации за Светскиот куп Русија 2018.

Новиот термин за одигрување на дуелите е 30 септември (сабота), наместо 1 октомври (недела).

Во недела ќе се игра натпреварот Вардар – Шкупи, поради настапот на македонскиот првак Вардар во УЕФА Лига Европа и натреварите од Втора лига (Исток и Запад) – 6.коло. Почетокот на сите натпревари останува непроменет 15 часот.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он