Произведени половина милион возила „Порше Кајен“

Од:

Иако за многу вљубеници во германската автомобилска марка „Порше“ моделот „Кајен“ не е вистинско „Порше“, овој СУВ за 11 години производство привлече 500.000 купувачи и тоа е во моментов најпродаваниот модел на компанијата од Штутгарт.

Кога во 2002 година беше лансиран „Кајенот“, многумина се запрашаа што ќе му е на „Порше“ еден таков автомобил и кој воопшто ќе се одлучи да го купи? Еданаесет години подоцна, се покажа дека одлуката на челниците на компанијата на пазарот да се понуди СУВ возило, од економска гледна точка била целосен погодок.

– Почнавме со 70 единици дневно, а денеска произведуваме пет пати повеќе примероци „Кајен“ во текот на секои 24 часа, вели Оливер Блуме, член на управниот одбор на „Порше“. „Само во текот на 2012 година, пат кон своите сопственици во над 125 земји ширум светот пронајдоа 83.000 модели „Кајен“, наведува Блуме.

„Порше Кајен“ се изработува во фабриката во Лајпциг, а љубилејниот автомобил е бел примерок на моделот „Кајен С Дизел“ што го нарача еден купувач од Австрија. Овој автомобил е опремен со 4.2-литарски В8 мотоор со 382 кс и е во состојба од 0 до 100 километри на час да забрза за 5,7 секунди.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on