Произведена двомилионската „Лада 4х4“

Од:

Од производните ленти на руската фабрика за автомобили „Автоваз“ вчера се симна јубилејната двомилионска „Лада 4х4“, попозната под називот „Лада нива“.

„Автоваз“ планира да 2016 година да го почне производството на новата генерација теренци „Лада 4х4“, изјави на свеченоста претседателот на компанијата, Игор Кумаров.

-Наша должност е да дадеме живот на нашата нова генерација теренци. Сите особини на легендарната „нива“ задолжително ќе ги сочуваме и во новата генерација „лада 4х4“, нагласи Кумаров.

-Продорот и легендата се два збора што најдобро го опишуваат теренецот на „Автоваз“, рече директорот на компанијата и додаде дека токму „лада 4х4“ е автомобилот на оваа фабрика што е најмногу извезуван во Европа.

Околу 80 отсто од извозот на „Автоваз“ во Европа го сочинува токму овој модел, пренесуваат руските медиуми.

Според Комаров, теренецот на „Автоваз“ учествуваше во изградбата на тунелот под Ла Манш, го освои Северниот пол, работи на екстремни температури на Антарктикот.

-Познато е дека омилен автомобил на Уго Чавез во младоста му била „нивата“ со зелена боја на „Автоваз“, потсети Комаров.

Јубилејниот автомобил, спротивно на традицијата, нема да биде испратен во музејот на „Автоваз“, туку ќе биде продаден, а приходот од продажбата ќе биде им предаден на ветераните на фабриката.

Тримилионската „лада 4х4“ може да се очекува за 15 до 17 години, процени Комаров.

-Тоа ќе биде автомобил на новата генерација и се надевам подеднакво популарен како и легендарна „нива“ на „Автоваз“,  рече директорот на компанијата.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on