Продажбата на „Лада“ во јануари помала за четвртина

Од:

Продажбата на автомобилите на најголемиот руски производител „Автоваз“ во јануари опаднала за 26 отсто,во споредба со истиот месец од минатата година, или преку реални бројки на 17.492 возила од ланските 23.647 парчиња.

Во исто време, уделот на автомобилите на „Автоваз“ на рускиот пазар е намален на 15,2 отсто од 15,5 колку што изнесуваше пред една година.

Во јануари во Русија биле продадени 7.737 автомобили „Лада Грант“, 6,27 отсто помалку отколку во истиот месец лани.

Продажбата на „Лада Ларгус“ (моделот темелен на првата генерација на „Логан МЦВ“ на „Дачија“) опадна за 49,82 отсто, на 1.903 автомобили, на „Лада Калина“ за 40,76 отсто, на 2.526 возила, „Лада Приора“ за 40,13 отсто, на 1.990 парчиња, и „Лада 4х4“ (кај нас попозната како „Нива“) за 27,4 отсто, на 2.948 парчиња.

И покрај падот на испораките, меѓу првите десет најпродавани модели на патнички автомобили во Русија се најдоа три модели на „Автоваз“ – „Лада Грант“ (на второ место), „Лада 4х4“ ( на шесто) и „Лада Калина“ (на деветто).

Доколку продажбата и натаму се намалува ќе мораме да го коригираме планот за производство во зависност од порачките на купувачите, изјави претседателот на компанијата, Бу Андерсон.

Тој додаде дека во 2015 година во споредба со 2014 година намалено е количеството на непродадени автомобили во складиштата, од 51.000 на 20.000 возила.

Како што „Автоваз“ претходно соопшти, во 2015 година е планирано да произведе 670.000 возила и продажбата да ја зголеми за 20 отсто.

Во 2014 година беа произведени 575.100 возила (22 отсто помалку отколку во претходната 2013 година) а продадени беа 387.307, што е 15 отсто помалку отколку во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ