Британскиот реномиран премиум произведувач Jaguar го подготвува својот прв crossover во својата историја, наречен F-Pace.
Британскиот реномиран премиум произведувач Jaguar го подготвува својот прв crossover во својата историја, наречен F-Pace, во план се S и SVR верзии, додека електричниот модел доаѓа во 2018. година.
Светската премиера ќе ја доживее на Автосаемот во Франкфурт, додека на купувачите ќе биде достапен следната година.
Станува збор за сериска верзија на C-X17 концептот, претставен пред година и пол.
Ќе се врши унификација на делови со моделите XE и XF, од кои што ќе ја позајми и iQ платформата и палетата на 4-цилиндрични бензински и дизел мотори.
Во план е и S изведбата со 3.0 V6 турбо бензинец, кој ќе развива 340кс, како и SVR верзија со 5.0 V8 турбо бензинец, со сила од 550кс.
Се зборува и за електричен Jaguar crossover, кој се подготвува за 2018 година, со автономија од дури 480км.