Пристигнува нова освежена Рено Лагуна

Од:

Француската компанија Рено објави официјални фотографии од освежениот модел Лагуна.

Станува збор за седан и караван моделите, кај кои впечатлив е новиот изглед на предниот дел со вградени ЛЕД дневни светла.

Внатрешноста на Лагуна нема посериозни промени, но сега вклучува Р-Линк информативно-забавен систем со екран од седум инчи осетлив на допир. Луксузната верзија има 17-инчни тркала.

Понудата на мотори останува иста, но некои агрегати сега ќе бидат достапни со новиот ЕДВ менувач со двојна спојка.

Новата Лагуна со 1,5 литарски дЦи мотор од 110 коњски сили, за 100 километри во просек троши 4,3 литри гориво, а емисијата на штетни гасови изнесува 113 грама на километар.

Лагуна ќе биде достапна и со 4Контрол шасија, систем што овозможува управување на сите четири тркала, а резултат на тоа е динаминчно и прецизно управување и подобро маневрирање.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on