Прилеп првпат домаќин на трка од Источноевропското првенство во мото-крос

Од:

Прилеп в недела првпат ќе биде домаќини на меѓународна трка од Источноевропското првенство во мото-крос, во организација на прилепскиот мото-крос клуб „Скај Рајдер“, Мотокрос федерацијата на Македонија и прилепската локална самоуправа.

Според Зоран Наумовски, генерален секретар на Македонската мото-крос федерација ќе учествуваат над 100 натпреварувачи од 9 земји од регионот.

– Ова е голема чест за нас, за Прилеп и Македонија што се организатори  првпат на трка од таков висок ранг. Тоа значи дека ги исполнуваме сите стандарди што ги бара Европската мото-крос асоцијација. Источното европско првенство е едно од рангираните во европски рамки. Досега од ова првенство се одржаа осум трки, оваа во Прилеп, на патеката кај селото Лагово е деветта, а десеттата и последна ќе се одржи во Молдавија. Учествуваат над 100 натпреварувачи од 9 земји, а ќе се натпреваруваат во 5 категории. Победниците ќе се стекнат со право за учество на европскиот мото-крос шампионат што ќе се одржи во Шпанија, вели Наумовски.

За директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасевски голема потврда за Прилеп и за Македонија е организирањето трка од ваков висок ранг.

– Прилеп и Македонија добиваат мотокрос патека најдобра не само во земјава, можеби и на Балканот. Самото тоа што две трки се откажани во ова првенство, во Грција и Турција, а ние сме организатори на една, потврдува дека ги исполнуваме европските стандарди. Се отвора нова ера во мотокросот во Македонија од висок ранг, нагласи Спасевски.

Претстедателот на прилепскиот клуб „Скај рајдер“, Ѓорѓи Манчевски потенцира дека многу е вложено патеката да ги исполнува стандардите.

– Патеката е долга 1,6 километри, широка 10 метри ја надградивме инфраструктурата за да ги исполнуваме европските стандарди. Се надеваме дека в недела ќе бидеме бодирани како добри организатори од претставниците на европската федерација што ќе ни го отвори патот да аплицираме за да организираме и европско првенство. Публиката во многу ќе помогне за тоа зашто има можност за присуство и до 15.000 посетители, рече Манчевски.

Прилепскиот градоначалник Марјан Ристески на денешната прес-конференција ги повика сите љубители на ваквите спортови од земјава викендот да дојдат на мото-крос патеката.

– Тоа ќе не потврди како опранизатори, ќе бидеме високо рангирани за домаќини на нови првенства. Освен тоа, Прилеп уште еднаш се етаблира како центар на екстремните спортови, заедно со параглајдерството, болдерингот, планинските мото- крос натпреварувања, изјави Ристески.

Би можело да ве интересира

Бузалковски ја одбрани титулата на БМУ Европски шампионат

Ана Ололовска

Бастијанини од следната сезона во Дукати

Бузалковски БМУ Европски шампион за 2021

Ана Ололовска

Валентино Роси најави пензионирање

Над велешко езеро „Младост“ ќе стартува првата трка од Ендуро шампионатот за 2021

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хорор-судир во Бразил, загина мотоциклистот Матеус Барбоса

Жарко Настоски