Ракометарите на Прилеп го добија пелагониското дерби против Пелистер со 32-30 во рамките на домашното, македонско ракометно првенство.
Во средбата од 2.коло на Супер лигата, одиграна во Битола, ракометарите на Прилеп одиграа фантастичено во второто полувреме кое го добија со 20-13, иако по првиот дел битолчани имаа пет гола предност 17-12. За Прилеп ова беше втора победа сезонава.
Во другите два натпревари, ГРК Борец убедливо со 38-20 го совлада Работнички, а Вардар Јуниор загуби од Пролет 18-20.
Во петокот битолски Еурофарм Работник минимално со 18-17 го победи Охрид.
Денеска ќе играат Металург 2 и Радовиш дуел со кој ќе биде комплетирана втората рунда.