Пријателски дуели на женската ракометна репрезентација на Македонија со Србија

Од:

Женската ракометна репрезентација на Македонија во рамките на неделата на ЕХФ, деновиве се подготува за јунските бараж дуели со Шведска.

Денеска попладне и утре претпладне Македонија ќе одигра два контролни натпревари со Србија, а дуелите ќе бидат добредојдени и за двете селекции.

– Ракометниот сојуз на Србија прифати да се одиграат два натпревара, кои за нас се важни пред натпреварите со Шведска, а за нив ова е подготовка за натпреварите со Италија. Никогаш не треба да се предадеме, туку треба да одиграме и со 120 проценти од нашите можности. Ќе биде тешко со Шведска, бидејќи нивните репрезентативки играат во силни лиги, што не е случај со нашите. Но, ние имаме ракометарки кои сакаат да се докажуваат, а тоа го покажавме и на квалификациите кога го совладавме Исланд, кој беше фаворит, изјави селекторот Симе Симовски.

Селекторот на Македонија се соочува со проблеми со повреди и на дуелите со Србија нема да може да смета на Елена Ѓорѓиевска, Дајана Јовановска, Марија Николиќ и Габриела Величковска.

Првиот натпревар Македонија и Србија го играат денеска во салата во Автокоманда.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска