Пријател на Шумахер: Тој е парализиран и има проблем со помнење

Од:

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер е парализиран и има проблем со говорот и помнењето изјави пријателот на германскиот возач, Филип Штрајф.

filipStrajf

Штрајф е поранешен возач на Формула 1, а од 1989 година се наоѓа во инвалидски колички, бидејќи е парализиран по судар на подготвително возење во Бразил, пред почетокот на сезоната.

-Михаел е парализира и се наоѓа во инвалидски колички. Тој не може да зборува и има проблем со помнење. Се наоѓа со семејството, па полесно ќе се опорави. Неговата состојба е подобра, но тоа е релативно и многу тешко-наведе тој.

Французинот и Германецот се долгогодишни пријатели, а Штрајф често го посетуваше Шумахер додека беше во болницата во Гренобл.

Менаџерката на Шумахер, Сабин Кем рече дека Штрајф го изнел „своето мислење“, како и дека не контактирал со семејството.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Жан Тод два пати месечно оди во посета кај Шумахер, заедно гледале Ф1 трки

Лекар ја откри главната причина за влошената состојба на Михаел Шумахер

Ана Ололовска

Тод: Го видов Шумахер, се надевам дека целиот свет ќе може да го стори истото

Ландов

Шумахер ќе биде опериран во Франција, докторите се надеваат дека ќе го вратат во нормала

А1он

Првото Ферари на Шумахер ставен на аукција

Ана Ололовска

Италијански неврохирург: Шумахер е непрепознатлив

Ана Ололовска