Прием за одбојкарите на ОК Струмица кај в.д. градоначалникот Костадинов

Од:

Шампионите на македонското одбојкарско првенство и Куп победниците, одбојкарите на ОК „Струмица“ денеска ги прими в.д. градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Како локална власт, рече дека ќе продолжат да го подржуваат спортот и клубовите во Струмица.

– Ако се земе предвид дека одбојкарите на ОК „Струмица“ по петтипат ја освојуваат оваа титула, четири пати биле куп-ппобедници на Македонија, со задоволство може да констатираме дека Струмица доминира во македонската одбојка. Затоа сме горди и како Општина, а верувам и сите граѓани. Ние и понатаму и финансиски ќе го поддржуваме ОК „Струмица“, но и останатите клубови, рече Костадинов.

Тренерот на ОК „Струмица“, Кире Ричлиев рече дека на добар пат се многу скоро да донесат уште две титули во Струмица.

– Благодарност за поддршката. И морална и финансиска. Ние нема да застанеме тука. Освен домашните натпреварување, планираме клубот д аго пријавиме во неколку европски купови. За неколку дена не чека младинското и кадетското финале и очекуваме и овие две титули да ги донесеме дома, рече Ричлиев.

Клубот од општината за постигнатите успеси доби вредносен чек од 300 илјади денари.

Би можело да ве интересира

Почина 15-годишна одбојкарка – се онесвести на загревање, а брзата помош не се ни појави

А1он

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ