Прибак: Вардар засекогаш ќе биде дел од мене

Од:

Вардар се раздели со шест ракометари кои досега верно го носеа црвено-црниот дрес и во нивна чест организира мала церемонија по вчерашниот последен меч од плејофот во Супер лигата.

Човекот меѓу нив кој помина најмногу време во нашата екипа е Немања Прибак, кој е миленик и на Комити, а во Вардар е уште од 2007 година, со еден прекин.

– Вардар засекогаш ќе остане дел од мене и од мојот живот. Драго ми е што се простувам со титула и што оставам еден силен Вардар. Посакувам да биде уште посилен и да ја оствари големата желба на сите овде, да се пласира во Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

Жал ми е што нема да останам, меѓутоа тоа е дел од спортот, јас се помирив со таа информација кога ја добив, па сега си одам горд затоа што знам дека секогаш давав и повеќе од 100% за оваа екипа во овие пет години. Им благодарам и на Комити за сѐ што направија за мене, се надевам некогаш ќе дојдам во Скопје и заедно ќе навиваме за Вардар, изјави Прибак за веб страната на новиот македонски Шампион.

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он