Словенецот Петер Превц со триумф на денешните летови на Планица пред околу 50 илјади домашни навивачи ја потврди доминацијата оваа сезона.
За Превц ова беше 15.победа сезонава во Светскиот куп и 21. во неговата кариера.
Миленикот на домашната публика до победата дојде со летови од 238 и 241,5 метри.
Второто место го освои неговиот сонародник Роберт Крањец кој леташе 234 и 233 метри, а трет беше Андре Јохан Форфанг со 226 и 245 метри.
Во конечниот пласман за ски летови Превц го освои првото место со 530 бодови, пред Крањец со 400 и Форфанг со 348.
Светскиот куп во ски-скокови за сезоната 2015/16 заврши со рекорден број освоени бодови од Превц – 2.303 бодови, второто место му припадна на Северин Фројнд од Германија со освоени 1.348, трет е Михаел Хајбок од Австрија со 1.301 бод.