Превц победник на Планица

Од:

Словенечкиот ски скокач Петер Превц на реконструираната леталница на Планица го освои првото место откако освои 478,5 бодови со летови со должина од 248,5 и 233 метри.

Скокот во првата серија од 248,5 метри е нов рекорд на леталницата на Планица.

Второто место му припадна на неговиот сонародник Јуриј Тепеш 461,9 бодови (223 и 233 метри), а третопласиран заврши Штефан Крафт од Австрија со 461,8 бодови (240 и 238,5 метри).

Во генералниот пласман Превц ја намали разликата во однос на лидерот Северин Фројнд на 44 поени. Фројнд има 1.693 поени, а Превц 1.649, а трет е Крафт со 1.528 поени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ