Петер Превц од Словенија победи на 64-то издание на Новогодишната турнеја „Четири скокоалници“.
Тој победи на три од четирите натпревари (Гармишпартенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен).
На вечерашниот натпревар во Бишофсхофен во двете серии имаше скокови со должина од 139 и 142,5 метри. Второто место му припадна на Германецот Фројнд, а трет беше Австриецот Хајбек.
Истиот пласман беше и во рамките на Новогодишната турнеја.
Ова за Превц беше 12.та победа во Светскиот куп или 6-та оваа сезона.
Превц е прв Словенец со триумф на „Четирите скокалници“ по Приморж Петерка во 1997 година.