Словенечкиот ски скокач Петер Превц го освои трофејот во Светскиот куп, иако до крајот на сезоната остануваат уште шест натпреварувања.
Превц по денешната победа во Алмати, Казахстан, направени недостижна разлика пред конкурентите за највисок пласман. За него ова беше 13. прво место оваа сезона и изедначување на рекордот по број на победи во една сезона што Грегор Шлирензауер го постави сезоната 2008/09.
До победата стигна со скокови од 139,5 и 139 метри, односно со 325,9 поени.
Второто место го освои Германецот Северин Фројнд со 314,3 поени и скокови од 137 и 141,5 метри.
Третт беше Андре Танде (Норвешка) со скокови од 140 и 139,5 метри и вкупно 310,9 поени.
Пласман во Светскиот куп: Превц 1.898 бодови, Фројнд 1.279, Михаел Хајбок 1.143, Кенет Гагнес 1.073,…
Превц стана вториот Словенец, по Примож Петерка кој е најдобар во Светскиот куп.