Претставен Volvo V-40 – Pirelli

Од:

Италијанската компанија „Пирели“ и тјунинг компанија „Хејко Спортив“ го претставија преработениот модел „Волво В40“, со кој „Пирели“ слави 140 години постоење.

Основа на моделот е „Волво В40 Т3“ опремен со 1,6 литарски турбо бензински мотор, кој преработен има 200 коњски сили.

„Волво В40 Пирели“ од 0 до 100 километри на час забрзува за 7,9 секунди, а максималната брзина изнесува 230 километри на час. Автомобилот доаѓа со 19 инчни фелги со гуми „Пирели П Зеро“ со димензии 235/25.

Во однос на стандардниот модел „В40 Пирели“ е понизок за 30 милиметри, а дополнително е опремен и со специјални елементи за аеродинамика.

Според компанијата „Хејко Спротив“ специјалниот пакет може да се добие и со другите модели што ги нуди „Волво“.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on