На интернет неодамна се појавија првите фотографии на рестилизираниот „Пежо 308“, по што компанијата сега ги потврдија информациите за промените кои се направени на овој модел.
„Пежо“ се одлучи за дискретна рестилизација кога се работи за дизајнот на надворешноста на автомобилот. Меѓутоа, најголемите стилски промени се на предниот дел на возилото, како и под хаубата.
Променета е маската на ладилникот и браникот, додека точкестите дневни ЛД светла се заменети со помодерни ЛЕД ленти. Браникот има поголеми отвори за воздух, а изменети се и предните светла за магла.
Најважните промени на моделот за 2018 година се однесуваат на моторизираноста и преносните системи.
Најсилната дизел верзија „308 ГТ“ со мотор од 180 коњски сили сега е стандардно опремена со нов осумбрзински автоматски менувач, за разлика од актуелниот модел кој користеше шестстепен автоматик.