Претставен новиот „Хјундаи“ и10

Од:

„Хјундаи“ ја претстави новата генерација на моделот и10. Најмалиот модел на јужнокорејскиот производител на автомобили својата светска премиера ќе ја има на Саемот во Франкфурт.


Новата генерација на моделот и10 дизјанот го презема од поголемите модели на „Хјундаи“, а во однос на својот претходник новиот модел е пораснат за 8 сантиметри во должина, 6,5 во широчина и 5 сантиметри во висина.



Меѓуоскиното растојание е зголемено за половина сантиметар, а багажниот простор за 10 отсто, така што сега изнесува 252 литри.


„Хјундаи“ тврди дека новиот и10 сега располага со најголем багажен и простор за нозете на патниците во задниот дел, во однос на конкуренцијата.



Конкретни технички спецификации се уште нема, но познато се дека и10 ќе биде достапен со 1,0 литарски мотор со три цилиндри и 1,25 литарски четирицилиндарски бензински мотор.


Производството почнува идниот месец во турските производствени капацитети на компанијата во Измир.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска