Ферари по повод 60-годишнината на американскиот пазар претстави специјана ограничена серија на Ф60 Америка, врз основа на моделот Ф12 Берлинета.
Моделот е изработен во серија од само 10 примероци по цена од 2,5 милиони американски долари. Сите модели се веќе однапред продадени.
Ф60 Америка има сина боја и бели тркачки линии во знак на НАРТ тимот на Ферари. Моделот има платнен покрив на отворање, изменет преден и заден дел, и врати, како и подобрена внатрешност.
Погонот е 6,3 литарски В12 мотор со 740 коњски сили и седумстепен менувач. Забрзувањето од 0 до 100 километри на час е за 3,1 секунда.