Астон Мартин го претстави моќниот спортски модел В12 Вантаж во роадстер изведба, што е најбрзиот модел со отворен покрив произведен од оваа компанија.
Роудстерот В12 вантаж е претставен како модел за 2015 година. Моделот е прдивижуван од познатиот 6.0 литарски В12 мотор со 565 коњски сили, што е доволно за забрзување од 0 до 100 километри на час за 3,9 секунди.
Моделот доаѓа со СпортШифт III автоматски менувач и погон на задната оска, како и нов систем за подесување на динамиката на автомобилот со три начини на работа Нормал, Трак и Спорт.
Продажбата на Астон Мартин В12 Вантаж С роудстер се очекува да почне кон крајот на годината, а неофицијално цената се очекува да изнесува околу 140.000 евра.