Заменик-премиерот Виталиј Мутко нема да биде претседател на Фудбалскиот сојуз на Русија, објави ТАСС.
Првиот човек на рускиот фудбал одлучи да се повлече од федерацијата, но останува шеф на организацискиот комитет на Светското првенство 2018.
Местото на Мутко ќе го заземе Александар Алаев.
Виталиј Мутко го водеше фудбалот во Русија во периодот 2005-2009 година. Во 2015 година повторно дојде на истата функцијата по повлекувањето на Николај Толстој.