Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ги прими членовите на женскиот ракометен клуб „Вардар“, по повод освоеното трето место во годинашното издание на Лигата на шампионите.
Македонските ракометарки го освоија третото место со победата над дански Митјиланд со 34:31 на фајнал-фор турнирот во Будимпешта.