Претседателот Иванов ги прими ракометарките на ЖРК „Вардар“

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ги прими членовите на женскиот ракометен клуб „Вардар“ СЦ „Борис Трајковски“, по повод освоеното трето место во годинашната Лига на шампиони.

– Многу сме горди на вас. Направивте навистина многу за македонскиот ракомет претставувајќи ја нашата држава, рече Иванов.

Упатувајќи им  честитки за постигнатиот успех на ракометарките, Иванов им порача и во иднина да продолжат достојно да ја претставуваат Република Македонија.

– Со врвните резултати кои константно ги бележите, а особено со освоеното трето место во годинашното издание на Лигата на шампионите вие покажавте дека кога човек е посветен на некоја работа секогаш постигнува успех, рече шефот на македонската држава.

gorgeZRK-vardar1

Претседателката на ЖРК „Вардар“ СЦ „Борис Трајковски“ Гордана Нацева изјави дека нивната екипа постигна многу за кусо време и оти за наредната година имаат шампионски амбиции.

– Со многу работа и посветеност го постигнавме третото место и достоинствено ја претставивме Република Македонија и на терен и надвор од него, рече Нацева.

Приемот кај претседателот на државата ракометарките на ЖРК „Вардар“ СЦ „Борис Трајковски“ го оценија како мотив за постигнување поголеми резултати и  претставување на Македонија во најдобро светло, бидејќи спортот е најголем амбасадор на една земја.

Македонските ракометарки го освоија третото место со победата над дански Митјиланд со 34:31 на фајнал-фор турнирот во Будимпешта.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска