Со два натпревари кои ќе се играат денеска стартува претпоследното коло од групната фаза во ракометната Лига на шампиони во женска конкуренција.
За македонската јавност разбирливо најголемо внимание ќе привлече поседниот меч во недела од 17.30 часот кога во СЦ „Јане Сандански“ ракометарките на македонскиот првак ЖРК Вардар ќе го пречекаат актуелниот европски шампион Будуќност од Подгорица.
Комплетната програма за 5.коло од оваа фаза е:
Петок
17:00 Баја Маре – Турингер
19:00 Ѓер – Савенхоф
Сабота
15:00 Ростов Дон – Фери
19:00 Ларвик – Ференцварош
Недела
15:10 Митјиланд – Букурешт
17:30 ЖРК Вардар – Будуќност
Група 1 – табела: Ростов Дон 15 бодови, ФТЦ 10, Ларвик 8, Баја Маре 8, Флери 6, Турингер 1.
Група 2 – табела: Будуќност 13, Ѓер 11, ЖРК Вардар 10, Букурешт 7, Митјиланд 5, Савехоф 2.