Во кошаркарскиот шампионат на Македонија, денеска ќе се одиграат натпреварите од претпоследното 9.коло во Супер лигата.
Дербито во кое ќе се сретнат двете првопласирани екипи, ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“, а во него лидерот МЗТ Скопје Аеродром ќе биде домаќин на Карпош Соколи.
Почетокот на натпреварот е закажан за 19 часот, термин во кој ќе се играат и преостанатите две средби меѓу, Куманово – Фени Индустри и Кожув – Работнички.
На две кола до крајот МЗТ Скопје Аеродром, Карпош Соколи и Работнички веќе обезбедија пласман во полуфиналето од плејофот, додека за преостанатото едно место се борат другите три екипи.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 15 бода, Карпош Соколи 14, Работнички 13, Кожув 10, Куманово 10 и Фени Индустри 10.