Пресметка на македонски и хрватски екипи во женската ракметна регионална лига

Од:

Ракометните женски екипи од Македонија и од Хрватска денеска и в недела ќе одиграат по два натпревара од женската регионална лига. Натпреварите ќе се играат во Скопје.

Денеска во салата „Автокоманда“ играат Металург и Локомотива од Загреб во директен дуел за место на завршниот турнир. Ова е натпревар од 9.коло. Почетокот на дуелот е во 16 часот.

Два часа подоцна во СЦ „Борис Трајковски“ Вардар СЦБТ ќе ја пречека екипата на Подравка од Копривница. Ова е дуел од 7.коло.

Истите екипи и в недела ќе ги одиграат по уште еден натпревар, но овојпат Вардар СЦБТ ќе биде домаќин на Локомотива (натпревар од 11.коло), а Металург ќе ја пречека Подравка (натпревар од 13.коло).

Табела: Будуќност 19 бодови (11 натпревари), Подравка 15 (8), Локомотива 11 (9), Металург 10 (9), Заечар 6 (7), Вардар СЦБТ 6 (9), Јагодина 2 (8), Бисери 0 (10).

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он