Преглед на Западно НБА финале

Од:

Краток преглед на Финалето на Западната конференција во НБА лигата во кое се среќаваат Сан Антонио Спарс (1. на Западот со 50-16 скор, 8-0 во плејоф) и Оклахома Сити Тандер (2. на Западот со 47-19 скор, 8-1 во плејоф).

Сан Антонио во трите пресметки оваа сезона славеше на две од нив, вклучувајќи една на гости после која и го презедоа приматот најдобри на Западот токму од Оклахома.

Најдобрите две екипи на Западот, Оклахома важеше за фаворит се додека не започна плејофот, „Мамузите“ имаат 18 победи по ред во просек со 14 поени разлика, во борба се за својата 5. титула, додека Расел Вестбрук и Кевин Дурент по својот прв наслов.

Клучни фактори во оваа серија ќе бидат дуелите помеѓу бековите.

Дуелот помеѓу Паркер и Вестбрук, двајцата ол стар играчи и двајцата одлични во pick-and-roll. Паркер имаше 42 поени и девет асистенции на 4. февруари во победата над Оклахома од 107:96. Вестбрук против ЛА Лејкерси на петте натпревари бележеше по 25.6 поени во просек.

Дуелот на Џинобили и Харден, Ману долго време беше еден од најдобрите шести играчи, но оваа сезона тоа признание го доби Харден. Тој беше одличен на трите натпревари против Сан Антонио сезонава, забележувајќи по 19 поени со шут од поле 59%. Џинобили не одигра ниту еден натпревар против Оклахома оваа сезона.

X-Фактор, Дени Грин, тој е четврти стрелец во екипата на Сан Антонио веднаш по голомета тројка во плејофот, во просек бележи по 10,4 поени и многу нешта ќе зависат од него.

Предвидување: Сан Антонио во 7 натпревари.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on