Краток преглед и на Финалето на Источната конференција во НБА лигата кое почнува вечерва а се среќаваат Мајами Хит (2. на Истокот со скор 46-20, 8-3 во плејоф) и Бостон Селтикс (4. на Истокот со скор 39-27, 8-5 во плејоф).
Во четирите пресметки оваа сезона Бостон има скор од 3-1 и едниствениот пораз го претрпе без Пол Пирс. Рондо во четирите пресметки има 18.7 поени 13.7 асистенции и 7.7 скока, во кои Бостон имаше шут од поле 60.3%.
Во својот втор обид да стигнат до големото Финале Мајами ќе мора да го помине изморениот Бостон кој играше седум натпревари во минатото коло против Филаделфија, а имаат голема предност во расположените Џејмс и Вејд. Мајами лани во конференциското полуфинале го совлада Бостон во пет натпревари.
Клучни во серијата ќе бидат дуелите на Џејмс-Пирс и Вејд-Ален.
Џејмс и Пирс, двајцата ол стар играчи имаат доста добри дуели во доигрувањето кои ќе се паметат. Пирс бележи по 25 поени во просек против Мајами, но ќе има многу тешка задача во одбраната да го чува МВП-то на сезоната, кој на последните 3 натпревари против Индијана бележеѓе во просек по 32.7 поени, 11.3 скока и 8.0 асистенции.
Реј Ален еден од најдобрите шутери во лигата има проблеми со повредата на коленото и тоа ќе биде најголемиот проблем за Бостон, доколку тој биде здрав ќе гледаме многу возбудливи дуели со Вејд, кој ги остави проблемите со повредите зад себе и на последните три натпревари против Индијана постигна 99 поени со шут од поле 40 од 65.
Х-фактор: Микаел Пиетрус, многу работи ќе зависат од него. Ален и Пирс мака мачат со повредите и со уморот, Ејвори Бредли е аут. На Бостон му треба некој од клупата кој ќе внесе свежина во нападот и во одбраната против Џејмс и Вејд.
Предвидување: Мајами во 6 натпревари.